Шок за Лејкерс, но и за кошаркарските фанови: Леброн размислува за пензија!?

0Shares
0 0

Новинарот на реномираниот Bleacher report, Крис Хејнс веднаш по завршувањето на серијата меѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс објави дека Леброн Џејмс размислува за на крај на кариерата.

Ова е изненадување, па и шок за многумина имајќи предвид дека Леброн многу пати досега изјавуваше дека ќе го почека неговиот син Брони за да одигра барем една сезона со него. На прес-конференцијата по четвртиот меч со Денвер, Леброн рече дека добро ќе размисли дали сака да продолжи да игра, а за тоа има повеќе од четири месеци со оглед на тоа што подготовките за новата натпреварувачка кампања почнуваат во октомври. Неговата изјава не значи дека сигурно ќе замине во пензија, но љубителите на кошарката, а особено неговите фанови не очекуваа дека тоа прашање ќе се отвори во моментов.

Леброн има уште две години од договорот со Лејкерс од кои втората е player option што значи дека може да замине ако сака. Во Лос Анџелес дојде во 2018 година и освои една шампионска титула.

0Shares
0 0