Шортс блеска и во Лигата на шампионите – постигна третина од поените на Бон за нова победа

0Shares
0 0

Новиот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона и во натпреварите од Кошаркарската Лига на Шампиони.

Во натпреварот од четвртото коло на групната фаза, Телеком Бон го победи АЕК си 80-72 на домашен терен, а „нашиот“ кошаркар беше убедливо најефикасен поединец на мечот. За безмалку 31 минута на теренот постигна 27 поени што е повеќе од една третина од вкупниот број поени на бундеслигашот. Најблиску до него според реализациите беа Фин Дилејни и Џереми Морган кои постигнаа по 11 поени.

По четири одиграни кола, Телеком Бон се наоѓа на првото место во својата група, но ќе мора да го одбрани во последните два натпревара на кои им гостува на директните ривали за пласман во нокаут фазата, прво на Пинар Каршијака на 7 декември и потоа на Реџо Емилија на 21 декември.

0Shares
0 0