Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс би требало најдоцна до почетокот на идната недела да има нов клуб откако неодамна беше официјално, со сите почести испратен од Телеком Бон.
Одамна се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во Париз Баскет и тоа многу веројатно ќе се оствари. Француските медиуми тврдат дека плејмејкерот ги договорил сите услови за трансфер во овој клуб, но останува уште формално да ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис и да биде промовиран. Тоа може да се случи до понеделник бидејќи е најавено дека Шортс на 31 јули ќе слета во Скопје за да ѝ се приклучи на репрезентацијата во пресрет на олимписките претквалификации.
Во Париз Баскет се веќе соиграчот на Шортс од Телеком Бон, Тајсон Ворд, како и тренрот кој го водеше во бундеслигашот Туомас Лисало. Со новиот клуб, македонскиот репрезентативец треба да потпише на 1+1 година.