Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс синоќа го одигра својот прв натпревар во кариерата во Еврокупот и веднаш покажа дека со право неговиот рејтинг расте со секој нов ден.
Париз Баскет на домашен терен убедливо го совлада литванскиот Вулфс со 105-78, а плејмејкерот беше незадржлив за противничкиот тим. На теренот помина нешто помалку од 23 минута и беше играч со најголемата минутажа кај Париз Баскет, а за тоа време постигна 20 поени и 9 скока за индекс 30, убедливо највисок на мечот.
Париз Баскет со Гран Канарија е еден од најголемите фаворити за титулата во Еврокупот, а со тоа и за пласман во Евролигата. Одамна е позната желбата на оваа организација да се прошири во француската престолнина и во Лондон.