Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше уште едно блескаво издание во Еврокупот, но неговиот тим не успеа да ја продолжи победничката низа во ова натпреварување.
Во рамките на осмото коло, Париз Баскет го претрпе првиот пораз сезонава и тоа на домашен терен од Бешикташ со 63-68. Францускиот тим колабираше во второто полувреме во кое за 20 минути постигна само 23 поени и дозволи противникот со пресврт да дојде до победата.
Шортс во игра помина 27 минути и беше најефикасен поединец на натпреварот со 22 поена на кои додаде 4 скока и три асистенции за индекс 25. И покрај поразот, Париз останува на првата позиција на табелата во својата група, со биланс 7/1 и една победа повеќе од својот денешен противник.