Репрезентацијата на Шпанија ја освои шестата шампионска титула во кадетска конкуренција откако денеска триумфираше во финалето против Италија на шампионатот што се одржа во Скопје.
Шпанските кадети славеа со 77-68, истиот резултат со кој лани загубија од Литванија на истиот терен, во СЦ „Борис Трајковски“ и официјално станаа најуспешна репрезентација во оваа категорија, надминувајќи ја Југославија со која досега го делеа првото место. „Фуријата“ покажа најголем квалитет на првенството, не претрпе ниеден пораз и покажа зошто Шпанија е најуспешна нација на младинските првенства последните години.
Италија имаше голема шанса да дојде до првиот трофеј по пауза од 32 години. На средина од последната четвртина, „аѕурите“ водеа со 61-56, но во последните пет минути Шпанија направи 21-7 и дојде до титулата.
Гиљермо дел Пино со 22 поена беше најефикасен во победничкиот тим во кој блескаше и Максимо Гарсија Плата со 16 поени. Дел Пино го доби признанието за најкорисен играч на првенството на кое бронзениот медал го освои Франција по триумфот против Литванија со 88-62, а во Б-дивизијата испаднаа Македонија, Белгија и Црна Гора.
РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА – Белгија 72-90
Грција – Србија 60-71
Германија – Словенија 65-52
Црна Гора – Израел 63-81
Финска – Летонија 63-73
Полска – Турција 61-54
Франција – Литванија 88-62
Италија – Шпанија 68-77
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
- Шпанија
- Италија
- Франција
- Литванија
- Германија
- Словенија
- Србија
- Грција
- Полска
- Турција
- Летонија
- Финска
- Израел
- Црна Гора
- Белгија
- Македонија