Кошаркарот на Макаби, Лоренцо Браун нема да биде член на шпанската репрезентација на претстојниот Мундобаскет поради повреда која ја доживеа во текот на сезоната.
Тоа ќе биде тежок удар за бранителот на титулата имајќи предвид дека натурализираниот Шпанец беше еден од најдобрите на ланскиот континентален шампионат на кој „фуријата“ ја освои титулата. Доказ за тоа е и фактот што Браун беше избран во идеалната петорка на првенството, заедно со неговиот соиграч Вили Хернангомес, потоа Руди Гобер, Денис Шрудер и Јанис Адетокунбо.
— Lorenzo Brown (@Zo_Brown) July 4, 2023
Во своето обраќање на Твитер, Браун објасни дека повредата не е санирана и затоа одлучил да се посвети на одморот со назнака дека се надева на повик за Олимписките игри во Париз идната година.