Селекторот на шпанската репрезентација Серџо Скариоло го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе се борат за место во финалните 12 за Светското првенство на Далечниот исток.
Италијанскиот стручњак ќе смета на 16 играчи на подготовките, а интересно е тоа што меѓу нив, за разлика од порано, нема ниеден натурализиран кошаркар. Десетмина од овие 16 играа лани на Европското првенство и ја освоија титулата, а од тие што триумфираа во Берлин, ги нема само Лоренцо Браун и Чаби Лопес Аростеги.
🚨 OFICIAL | Los 1⃣6⃣ jugadores convocados por @sergioscariolo para la preparación de la @FIBAWC 2023 🔝#LaFamilia #SomosEquipo pic.twitter.com/yGJJaRGe8J
— Baloncesto España (@BaloncestoESP) July 5, 2023
Натурализираниот Браун вчера објави дека поради повреда не може да му се стави на располагање на Скариоло, но Шпанците ќе имаат и повеќе од добра замена за него бидејќи во тимот се враќа Рики Рубио, МВП од последното Светско првенство на кое „фуријата“, исто така, беше шампион.
Основата на тимот ќе ја сочинуваат ветераните Љуљ, Фернандес и Рубио, но тука се и (по)младите сили како браќата Хернангомес, потоа Гаруба итн.