Шредер лани одби 84 милиони долари, сега ќе игра за „семки“

0Shares
0 0

Чудна беше одлуката на Денис Шредер да се врати во Лос Анџелес Лејкерс, една година откако ја напушти франшизата.

Не толку поради амбициите, колку поради се она што се случуваше минатото лето. По истекот на договорот, Лејкерс му понудија продолжување на соработката за нови четири сезони за плата од 84 милиони долари. Според американските медиуми, овие пари му биле малку, се надевал на уште побогат договор за на крајот да остане со празни раце.

Потпиша среден договор со Бостон Селтикс за плата од 5,9 милиони долари по сезона, а си замина само три месеци по почетокот на шампионатот откако беше трејдуван во Хјустон, заедно со Енес Кантер и Бруно Фернандо за Даниел Тајс. Враќањето во Лејкерс ова лето е уште поинтересно.

Иако се наоѓа во фантастична форма и во идеална возраст, Шредер прифатил едногодишен договор за минимална плата од 2,64 милиони долари. Лејкерс ги одбрал иако имал побогати понуди од Торонто и Феникс што е уште еден неверојатен момент во сагата за германскиот плејмејкер.

0Shares
0 0