Во соопштение објавено пред неколку часа, Црвена Звезда објави дека нема намера да го игра финалето од АБА лигата поради судир со термините во финалето од српското првенство.
По оваа најава, се поставува прашањето дали некоја од страните е подготвена да попушти или серијата за титулата нема ни да се одржи. Ако АБА остане на својот став, а Звезда го испочитува напишаното, тогаш на белградскиот клуб му се закануваат остри санкции.
Во случај да не излезе на терен на првите два натпревара, Звезда автоматски ја губи серијата и противникот ќе биде прогласен за нов шампион. Покрај тоа ќе треба да плати парична казна меѓу 15 и 50 илјади евра, а ако го повтори прекршокот, може да биде дисквалификувана до три години и парично меѓу 50 и 70 илјади евра.