Руската суперѕвезда Алексеј Швед е пуштен на домашно лекување откако една недела помина в болница како последица на нападот врз него, извршен во еден московски ресторан.
Тој настрадал откако се обидел да ја заштити сопругата Анастасија од група непознати мажи. Дошло до вербален дуел, потоа и до тепачка во кој извлекол подебелиот крај затоа што против себе имал група од најмалку пет мажи. При тепачката, кошаркарот со главата удрил на тротоар при што дошло до отворена скршеница на черепот.
Итно беше хоспитализиран, лекарите успеаја да му го спасат животот, а по неколку дена на интензивна нега, вчера е пуштен дома. Кошаркарскиот клуб ЦСКА, чиј член е Швед, објави видео како рускиот репрезентативец одмора дома со своите ќерки.
Алексея Шведа выписали из больницы! Он записал обращение к болельщикам и команде pic.twitter.com/Y0nckNVXY4
— CSKA Moscow (@cskabasket) May 9, 2023
„Здраво на сите, отпуштен сум од болница и се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на помошта и поддршката, ова е многу важно за мене и моето семејство. Многу ми недостасувате“, порача Швед.
Против неговите напаѓачи е покрената кривична постапка за нанесување тешки телесни повреди. На четворица им се заканува долга затворска казна.