Си отиде од МЗТ, но во новата сезона пак ќе игра во „Јане Сандански“

0Shares
0 0

Американскиот интернационалец Хуан Дејвис во новата сезона ќе го носи дресот на поранешниот шампион на Хрватска, Задар, тврди Слободна Далмација.

Иако договор се уште нема официјално, часови се во прашање кога тоа ќе се случи бидејќи на потпис на Американецот инсистира лично тренерот на Задар, Данијел Јусуп. Дејвис треба да биде засилување за рекетот на хрватскиот тим, место каде што Задар имал големи проблеми во текот на подготовките.

Минатата сезона Дејвис просечно постигнуваше по 9,6 поени и 5,3 скока во дресот на МЗТ Скопје и е еден од најзаслужните што тимот од Аеродром обезбеди пласман во АБА лигата и ја освои домашната титула. Потписот со Задар значи дека Дејвис ќе се врати во „Јане Сандански“, но сега како гостин. Хрватите гостуваат во Скопје во 24. коло, на почетокот на април 2023 година.

0Shares
0 0