Симиќ го скрати списокот, подготовките почнуваат в среда

0Shares
0 0

По селективните тренинзи одржани во саботата, селекторот на М18 репрезентацијата на Македонија, Тони Симиќ го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета на подготовките за Европското првенство во Измир.

Од 38 кошаркари, во конкуренција останаа 18, а ќе ги предводи кошаркарот на Барселона, Теодор Симиќ. На списокот на селекторот останаа уште неколку од играчите кои се сметаат за најталентирани во оваа конкуренција, како Рубин Стефанов, Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески итн.

Подготовките на репрезентацијата почнуваат в среда во 18 часот, во малата сала на СРЦ Кале. Европското првенство во Измир е на програмата од 30 јули до 7 август, а Македонија е во групата А, со Франција, Велика Британија и Израел.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
Андреј Шошкиќ – Работнички
Василиј Србиноски – Работнички
Виктор Стојковски -МЗТ Скопје Аеродром
Тома Стојаноски – Гостивар
Метин Саити – Работнички
Петар Бошалески – Работнички
Марко Трипуноски – Работнички
Рубин Стефанов – Канту, Италија
Ненад Јовановиќ – Стела Азура, Италија
Петар Башоски – СБА Академија, Шпанија
Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
Алек Петкоски – Вардар
Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005
Лука Димитриевски – МКК Куманово
Павел Иванов – Вардар
Стефан Гоцевски – Работнички
Михаил Стојанов – ТФТ Скопје

0Shares
0 0