Симиќ јуниор со Барса на завршниот турнир од Евролигата!

0Shares
0 0

Еден од најталентираните македонски кошаркари со Барселона го освои првото место на квалификацискиот турнир што претходните четири дена се одржа во Валенсија.

Во финалниот меч кој беше и каталонско дерби, Барса го победи Хувентут со 79-55 и обезбеди пласман на завршниот турнир од јуниорската Евролига кој во мај ќе се одржи во Келн. Теодор Симиќ одигра речиси 26 минути и за тој период постигна 12 поени со шут од поле 5/11 и 2/3 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште пет скока и една асистенција. Во неговата екипа имаше само еден поефикасен играч – Михаел Каиседо со 29 поени.

Останатите два квалификациски турнира ќе се одржат од 22 до 24 јануари во Минхен и од 21 до 23 февруари во Белград. Пласман на завршниот турнир во Келн, ќе обезбедат трите првопласирани екипи од секој квалификациски сегмент, плус пет кои ќе добијат специјални покани од Евролига.

0Shares
0 0