Симиќ одличен во јуниорската Евролига

0Shares
0 0

Иако две години помлад од своите соиграчи и противниците, македонскиот интернационалец одлично ја почна третата сезона во јуниорската Евролига.

Ги одигра двата досегашни натпревара на кои уште еднаш потврди дека се работи за огромен талент. Барса ги совлада Улм со 59-50 и Гран Канарија со 85-47 и без разлика на исходот од утрешниот натпревар против Нантер, го освои првото место во својата група и ќе игра во финалето на турнирот што се одржува во Валенсија.

Теодор Симиќ против Улм одигра речиси 12 минути на кои постигна шест поени и три скока, а уште подобар беше во дуелот со Гран Канарија: десет поени и осум скока за безмалку 16 минути.

Јуниорската Евролига се игра на три квалификациски и еден завршен турнир. Останатите два квалификациски ќе се одржат од 22 до 24 јануари во Минхен и од 21 до 23 февруари во Белград. Пласман на завршниот турнир во Келн (27 до 30 мај 2021), ќе обезбедат трите првопласирани екипи од секој квалификациски сегмент, плус пет кои ќе добијат специјални покани од Евролига. Барса со Симиќ е на пат да обезбеди учество во Келн веќе по првиот турнир.

0Shares
0 0