Симоновски брзо се вклопи во новиот тим: Втор натпревар и веќе 25 поени

0Shares
0 0

Поранешниот македонски репрезентативец Марко Симоновски беше најефикасен играч на неговиот Нобог Арак во дуелот против Мес Рафсанјан, во петтото коло од иранското првенство.

Нобог Арак победи со 73-65, а Симоновски постигна повеќе од третина од вкупниот број поени на својот тим – 25. За речиси 36 минути на теренот, тој погоди 2/7 за три, 7/12 за два и 5/5 од линијата за слободни фрлања на што додаде уште 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки за индекс 23.

По пет одиграни натпревари, Нобог Арак се наоѓа на делба на петтата позиција на табелата со биланс 3/2. Следниот меч го игра в понеделник, против Арак на гостински терен.

0Shares
0 0