Симултанка на Теодосиќ, Виртус на една победа од Евролигата

0Shares
0 0

Италијанскиот претставник останува единствена непоразена екипа во Еврокупот оваа сезона и 19. одигран натпревар.

Во првиот полуфинален меч, Виртус го совлада Уникс со 80-76 и му треба уште една победа за пласман во финалето, а со тоа и до место во Евролигата за идната сезона. Триумфот е изборен во последната четвртина иако на полувреме тимот од Болоња водеше со осум разлика (44-36).

Убедливо најдобар играч на натпреварот беше Милош Теодосиќ кој постигна 25 поени, 6 скока и 5 асистенции. Белинели реализира 12 поени. На спротивната страна, Џамар Смит постигна 22 поена, а Холанд додаде 13. Македонскиот репрезентативец Џордан Теодор одигра речиси 18 минути со незабележителен ефект од два поена, двата од линијата за слободни фрлања.

Вториот меч од серијата се игра в петок во Казан, а евентуалната „мајсторка“ е на програмата на 14 април.

0Shares
0 0