Вистинска драма се случила на тренингот на Универзитетот Јужна Калифорнија (УСЦ) откако 18-годишниот син на Леброн Џејмс, Брони се онесвестил и паднал на теренот.
Според лекарските извештаи, тој доживеал акутен застој на срцето што значи дека срцето престанало да му пумпа и спроведува крв во виталните органите. За среќа, сега се е во ред и Брони е во стабилна состојба, но нема детали.
Претстојната сезона треба да биде дебитантска во НЦАА за Брони Џејмс кој избра да студира на Универзитетот Јужна Калифорнија иако овој колеџ нема којзнае каква кошаркарска програма.