Синот на Леброн Џејмс ќе игра во иста дивизија со Андреј Јакимовски

0Shares
0 0

Во својата последна сезона во НЦАА, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе има можност да игра против ѕвездата во најава, Брони Џејмс, син на легендата на НБА и на светската кошарка Леброн Џејмс.

Младиот кошаркар преку социјалните мрежи објави дека одбрал на кој колеџ ќе го продолжи образованието. Станува збор за Универзитетот Јужна Калифорнија, попознат како УСЦ кој се натпреварува во истата дивизија (Пацифик 12) со Вашингтон Стејт чиј член е Јакимовски. По овој повод се јави и Леброн Џејмс.

„Денес ми е еден од најубавите денови во животот. Горд сум на него, тој е прв член на нашето ­семејство кој ќе оди на колеџ“, изјави Џејмс кој во 2003 година, со само 18 години, влезе во НБА директно од средно училиште затоа што тоа тогаш беше дозволено.

Јакимовски би играл против Брони најмалку два пати, а ако продолжат натаму, УСЦ и Вашингтон Стејт би можеле да се сретнат и во плејофот, во зависност од пласманот. Дури, треба да имаат и меѓусебен дуел бидејќи и Џејмс ги покрива позициите 1 и 2, каде што игра македонскиот репрезентативец. Можно е шретстојната сезона да биде последна во НЦАА и за нашиот кошаркар и за Џејмс бидејќи Јакимовски ќе биде сениор, а Брони одамна е проектиран како учесник на драфтот во 2024 година со цел барем една натпреварувачка кампања во НБА да одигра со својот татко.

0Shares
0 0