Денеска во Загреб се одржува Собрание на АБА лигата, а според неофицијалните информации оттаму, атмосферата е исклучително тензична.
Тоа и не е големо изненадување бидејќи така е речиси секоја година, но една од темите кои се отворија денеска навестува голем скандал во оваа организација. Група клубови, меѓу кои е и Партизан, бараат исфрлање на Црвена Звезда од АБА лигата поради непочитување на обврските кон спонзорите на натпреварувањето.
На натпреварите кои Звезда ги игра како домаќин, на паркетот нема банери со логото на официјалниот спонзор на лигата бидејќи тој е конкуренција на спонзорот на белградскиот клуб. Логото го нема ни на дресовите на кошаркарите иако во пропозициите стои дека клубовите имаат обврска да го стават на видно место.
Засега нема подетални информации, се очекува вечерва или утре клубовите да се изјаснат иако мали се шансите Црвена Звезда навистина да биде исфрлена од регионалното натпреварување.