Скандал во Бостон: Тренерот Удока пред суспензија поради врска со вработена во Селтикс

0Shares
0 0

Против тренерот на Бостон Селтикс, Име Удока е почната дисциплинска постапка, која најверојатно ќе резултира со суспензија, поради интимна врска со жена која е вработена во франшизата од Масачусетс, објави ЕСПН.

Со тоа, тој го прекршил кодексот на Селтикс, а одлуката за должината на евентуалната суспензија ќе биде донесена денеска. Не е исклучено Удока да биде отстранет од тимот за цела сезона иако новинарот Ејдријан Воџнаровски смета дека тој најверојатно нема да добие отказ. Ако навистина биде суспендиран за цела сезона, екипата ќе ја води неговиот асистент Џо Мазула.

Ваквиот развој на настаните е големо разочарување за фановите на Бостон кои последната сезона уживаа во успесите на нивниот тим. Удока ги презеде Селтикс лани и во првата сезона ја однесе екипата во големото финале каде, сепак, загуби од Голден Стејт во шест натпревари. На патот дотаму го елиминира актуелниот шампион Милвоки, како и Милвоки кој се сметаше за најголем фаворит за титулата.

0Shares
0 0