На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на подготовките за новата сезона, НБА ја потресе скандал во кој во главна улога е српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ кој од пред два месец е нов тренер на Торонто Репторс.
Њујорк Никс поднесе тужба против него, неговиот соработник Икечуву Азотам и уште 12 лица затоа што, како што тврдат, им се украдени над 1.000 фајлови со снимки со доверливи информации, вклучувајќи „напредни скаутинг извештаи“.
„Обвинетиот Рајаковиќ и другите членови на Репторс го искористиле Азотам како ‘крт’ во организацијата на Никс за да добијат информации кои ќе му помогнат на тимот на Торонто“, се вели во обвинението во кое Никс тврдат дека новиот тренер на канадскиот тим нема свои тренерски методи и организациска структура.
Од Торонто Репторс засеганема официјална реакција на обвиненијата, но раководството на франшизата ги негира обвиненијата и најавува соработка со Никс.