Скандал во Шпанија: Барселона им ги откажа билетите на навивачите на Партизан

0Shares
0 0

Повеќе од 500 навивачи на Партизан, вечерва нема да можат да го следат својот тим во живо во Блауграна затоа што Барселона им ги откажа билетите на неколку часа пред натпреварот од Евролигата.

Фановите на белградскиот клуб веќе отпатуваа во Каталонија кога ги дочека непријатната информација и известување од домаќинот.

„Во согласност со Законот за спорт во Шпанија, а со цел да има раздвоеност меѓу навивачите на двата клуба и обезбедување сигурност на настанот, обврзани сме да ги откажеме сите купени билети за мечот во вторник, во кој се среќаваат Барселона и Партизан. Ќе ви ги рефундираме парите за купените билети во најкраток рок“, се наведува во соопштението од Барселона.

Ова не се однесува на оние што купиле билети за делот од Блауграна предвиден за гостински навивачи, туку само за тие што имаат влезници за останатите трибини, со цел да не дојде до мешање на фановите. Навивачите на Партизан се бесни, не само поради тоа што нема да го гледаат својот омилен клуб на тешкото гостување, туку и поради тоа што овде не станува збор само за трошок за платените билети, туку и за превозот до Барселона и ноќевање во овој град.

0Shares
0 0