Скариоло го скрати списокот на 16 кошаркари

0Shares
0 0

Осум кошаркари отпаднаа од комбинација за настап против Македонија, пред почетокот на подготовките на шпанската репрезентација за првиот ФИБА прозорец од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Серџо Скариоло го скрати списокот на 16 играчи, од првичниот на кој се наоѓаа 24 имиња. Од овие 16, 15 се од домашната лига, а само еден е интернационалец и тоа Колом кој игра во грчкиот АЕК. Од нив италијанскиот стручњак ќе го формира идеалниот тим кој ќе излезе на мегдан во „Јане Сандански“ идниот петок.

Шпанија доаѓа во Скопје како светски шампион, а во квалификациската група, освен „фуријата“ и нашата репрезентација, се наоѓаат уште Украина и Грузија.

0Shares
0 0