Скопје останува домаќин на кадетското ЕП

0Shares
0 0

Европскиот шампионат за кошаркари до 16 години што требаше летово да се одржи во македонската престолнина е префрлен за идната година, но Скопје, сепак, ќе остане организатор.

Ждрепката за групите што веќе беше одржана ќе важи, а првенството е на програмата од 13 до 21 август 2021 година. Нашата Федерација ја потврди подготвеноста за организација, а ФИБА имаше слух и ја прифати одлуката.

Потврдени се и другите градови домаќини на младинските првенства на кои ќе учествуваат македонските селекции со таа разлика што тие ќе играат во Б-дивизија. М20 шампионатот ќе се одржи од 16 до 25 јули во Тбилиси, а М18 од 30 јули до 8 август во Орадеа.

0Shares
0 0