Две од трите екипи за кои игра(ше) Адем Мекиќ оваа сезона, вечерва прославија шампионска титула во домашните првенства.
МЗТ Скопје го победи Пелистер со 3-0, а Задар, каде играше последните три месеци, триумфираше во хрватскиот шампионат, совладувајќи го Сплит со истиот резултат. Вечерашниот меч беше вистински спектакл, Задар имаше поддршка од околу 9.000 навивачи, а го разнесе поранешниот европски шампион, совладувајќи го со 99-62.
Блескаше МВП на сезоната во АБА лигата, Лука Божиќ кој оствари трипл дабл со 16 поени, 13 скока и 11 асистенции, Дарио Дрежњак постигна 19 поени, а македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ додаде девет поени, сите реализирани во почетната фаза од натпреварот.
Со ова, Мекиќ стана втор Македонец кој освоил титула со екипата на Задар, по Тодор Гечевски кој со оваа екипа триумфираше во 2005 и 2008 година.
фото: Sime Zelic/PIXSELL