Во екот на плејофот од шпанското првенство каде Барселона е на чекор од големото финале, тамошните медиуми тврдат дека Никола Миротиќ се подготвува за заминување од каталонскиот клуб.
Такво нешто беше најавено по дебаклот на Барселона на завршниот турнир од Евролигата каде Црногорецот со шпански пасош играше катастрофално, а од клубот протекоа информации дека се планира драстично кратење на буџетот за плати, дури за половина. На Миротиќ тоа секако нема да му се допадне, па, наводно, веќе бара клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Изборот паднал на Олимпија Милано со која се поврзуваше и неодамна, а која е подготвена да му понуди иста плата каква што имаше досега во Барса. Веројатно повеќе на оваа тема ќе се знае кон крајот на месецот, односно по завршувањето на плејофот во АЦБ лигата.