Следниот АБА 2 турнир пред одложување!

0Shares
0 0

Од 17 до 23 јануари, планирано е да се одржи четвртиот АБА 2 турнир од оваа сезона, а домаќин треба да биде Бања Лука.

На една недела пред неговиот почеток, се посериозни се најавите за негово одложување. Причините на сите им се јасни – зголемениот број позитивни случаи на корона вирус во земјите од регионот, со тоа и во екипите кои учествуваат, како и рестрикциите кои се воведуваат.

Проблем има и во елитната дивизија на АБА каде во претходното коло беа одложени пет од вкупно седум натпревари, но таму можат да се најдат други термини, додека во втората лига се игра турнирски, без можност потоа, евентуално да се преиграат дуелите.

Раководството на АБА сериозно ја разгледува можноста за одложување на турнирот во Бања Лука, но неволји прави распоредот во следниот период. Цел февруари е зафатен со националните купови и квалификациите за Светското првенство, а од 21 до 27 март треба да се игра последниот турнир од АБА 2 лигата, во Широки Бријег.

МЗТ Скопје и Пелистер треба да одиграат по три натпревари во Бања Лука. Шампионот има дуели со Сутјеска, Подгорица и Војводина, а битолчани со Младост Земун, Рогашка и Подгорица.

0Shares
0 0