Слован е победник на првиот турнир „Драган Василов Цевка“

0Shares
0 0

Единствениот словенекчки претставник Слован го освои пехарот на инаугуралното издание од турнирот „Драган Василов Цевка“ за кошаркари до 16 години. Во финалниот меч, без поголеми проблеми, Слован го победи Академик Пловдив со 72-42.

Во борбата за третото место меѓу екипите на Реал Гуровиќ Академија и Шопрон, повеќе среќа имаше српскиот тим кој победи со 70-69.

Петтото место му припадна ѝ припадна на Црвена Звезда која го победи Клуж со62-57, a во „македонското дерби“, односно натпреварот за седмото место, Вардар беше подобар од МЗТ Скопје со 71-59.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Шопрон, а  МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

0Shares
0 0