Долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација Горан Драгиќ многу веројатно ќе го пропушти Мундобаскетот што претстојното лето ќе се одржи во три држави на Далечниот Исток.
Такво нешто најави лично тој во изјава за српските медиуми откако вчера во живо го следеше дуелот меѓу Партизан и Олимпија.
„Ќе бидам дома. Нема да играм, доволно беа 16 години, плус НБА и се останато. Можеби ќе отидам во Јапонија, но само да ја поддржам репрезентацијата“, изјави Драгиќ.
Сепак, во Словенија се надеваат дека ветеранот пак ќе се премисли затоа што пензионирање од националниот тим најави и порано, а сепак играше на ланското Европско првенство на кое неговата репрезентација не само што не го одбрани златото од 2017 година, туку беше елиминирана во четвртфиналето од сензацијата Полска.