Словенците во еуфорија: Дончиќ ќе игра, дури и на пријателски меч

0Shares
0 0

Кошаркарската федерација на Словенија ги надмина сите проблеми и овозможи Лука Дончиќ да заигра за националниот тим во јунските квалификации за Светското првенство.

Главна цел на суперѕвездата на Далас Маверикс беше дуелот против Хрватска на 30 јуни во Љубљана, но тој ќе игра и на пријателскиот натпревар против Италија кој е закажан за сабота. Дончиќ веќе ѝ се приклучи на репрезентацијата во Трст и ќе тренира со неа првпат по ланските Олимписки игри во Токио. Што се однесува до мечот против Хрватска, Словенците објавија дека се продадени сите 9.500 билети, пуштени во продажба.

Пред последните два меча од квалификациите, Словенија е на второто место во групата Ц со две победи и два пораза, зад Финска, а пред Шведска и Хрватска.

0Shares
0 0