СМИЛКОВСКИ: Можеме да бидеме задоволни, има напредок

0Shares
0 0

ТФТ и натаму ја чека првата победа во АБА 2 лигата во клупската историја, но тренерот Боро Смилковски е задоволен од прикажаното на денешниот меч против бранителот на титулата Златибор.

Освојувачот на Купот на Македонија загуби, но и покрај тоа, долго време беше во игра за изненадување. Тоа го призна и тренерот на противничката екипа во својата изјава по мечот.

„Ако го споредиме она што го прикажавме денеска со она на првиот турнир во Златибор, можеме да бидеме задоволни бидејќи е евидентен напредокот. Во финишот ги сочувавме силите бидејќи беше јасно дека не можеме да победиме, а ќе ни треба свежина и за следните натпревари затоа што не е лесно да се играат три меча за така краток период.

Игравме против екипа која е актуелен шампион на оваа лига, која е поискусна од нас и која има свој идентитет. Добро париравме, можеме да бидеме задоволни, шанса добија и некои помлади играчи и се надевам на уште подобри резултати“, изјави Смилковски.

0Shares
0 0