Соиграч на Перо Антиќ од Атланта почина на 31 година

0Shares
0 0

Американскиот кошаркар Адријан Пејн почина денеска на 31-годишна возраст. Причините за смртта уште не се неофицијално потврдени, а се шпекулира дека Пејн бил убиен.

Кошаркарот кој играше на позициите 4 и 5 имаше НБА и евролигашко педигре, а негов последен тим беше литванскиот Јувентус Утена каде настапуваше оваа сезона. Своја НБА кариера ја почна во Атланта Хоукс која го избра како 15. пик во 2014 година и неколку месеци помина како соиграч на Перо Антиќ. За Атланта, Пејн одигра само три натпревари, а во составот, заедно со Антиќ, беше на еден меч, против Бостон на гостински терен на 14 јануари 2015 година.

Еден месец подоцна тој беше трејдуван во Минесота, а потоа беше член и на Орландо Меџик иако во тие години повеќе настапуваше во филијалите на овие франшизи. Во 2018 година се пресели во Европа, во тимот на Панатинаикос чиј дрес го носеше во две различни сезони, играше во Кина, како и во францускиот Асвел. Пред Јувентус, беше член на турскиот Орманспор.

0Shares
0 0