„Сонцата“ од Водно ја растурија грузиската репрезентација и ќе се борат за медал

0Shares
0 0

Екипата на Партизан Водно Санс на доминантен начин обезбеди пласман во полуфиналето на Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) откако претпладнево ја совлада грузиската репрезентација 96-67.

Кадетите (кошаркари родени 2007 и помлади) на македонскиот претставник само во првата четвртина ја бараа својата игра и тогаш резултатот беше израмнет, а противникот по десет минути играше имаше водство д 20-19. Вториот квартал му припадна на Партизан Водно Санс со 30-11 и оттогаш до крајот на теренот постоеше само еден тим.

Никола Јаничиќ повторно беше лидер на тимот, но покрај него, уште двајца кошаркари остварија дабл-дабл. Јаничиќ постигна 31 поен и 12 скока, Маријановиќ имаше 17 поени и 10 скока, а Ивановски уште 17 поени и 12 скока. Одличната одбрана на Партизан Водно Санс го принуди противникот на дури 35 загубени топки.

Нашите кошаркари немаат многу време за одмор бидејќи веќе од 14 часот го играат полуфиналниот натпревар против Тарту од Естонија.

0Shares
0 0