Победите на Канада против Словенија и САД против Италија им беа од корист на репрезентациите на Србија и Германија кои од денеска официјално се сигурни учесници на претстојните Олимписки игри во Париз.
Овие две селекции се најдобро пласирани европски репрезентации на Мундијалот и со тоа автоматски обезбедуваат место во француската престолнина со што ќе ги избегнат незгодните квалификации што ќе се одржат идното лето. Можно е и ниво финале на Светското првенство имајќи предвид дека во следната фаза Србија игра со Канада, а Германија со САД.
Со ова, познати се сите осум репрезентации кои обезбедија директен пласман на Олимписките игри: домаќинот Франција и Австралија, Канада, Германија, Јапонија, Србија, Јужен Судан и САД. Останатите четири учесници ќе се знаат по квалификациските турнири.