Со денешните последни натпревари од втората групна фаза, јасни се сите учесници во четвртфиналето од Светското првенство, а со тоа и двојките за следниот сегмент.
Надвор од планираното е второто место на САД кои денеска загубија од Литванија, па теоретски е можно северноамериканско финале, првпат во историјата. Американците ќе се сретнат со Италија, а потоа ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Германија и Летонија.
На другата страна од ждрепката, Словенија ќе игра со Канада, а Србија со Литванија што, теоретски, значи дека е можно во полуфиналето да се сретнат селекциите на двете поранешни југословенски републики. Четвртфиналните дуели се на програмата на 5 и 6 септември.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Италија – САД 05.09.2023
Литванија – Србија 05.09.2023
Германија – Летонија 06.09.2023
Канада – Словенија 06.09.2023
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Италија/САД – Германија/Летонија 08.09.2023
Литванија/Србија – Канада/Словенија 08.09