Српската 3х3 репрезентација уште еднаш ја одбрани европската титула и петти пат по ред е континентален шампион во овој спорт.
Во финалето од Европското првенство што се одржува во Ерусалим, Србите ја победија Литванија со 22-20, а на патот кон новото злато беа подобри уште од Австрија, Израел, Холандија и Летонија. Кошот за победа, на неколку секунди пред крајот на основниот дел, при резултат 20-20 го постигна Страхиња Стојачиќ. Покрај него, во составот беа уште Немања Бараќ, Марко Бранковиќ и Стефан Којиќ.
SERBIA 🇷🇸 WIN THEIR 5th CONSECUTIVE #3x3Europe TITLE ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️ ON A @Maurice_Lacroix BUZZER BEATER
😱😱😱😱 pic.twitter.com/pi1JdnOvEv
— FIBA3x3 (@FIBA3x3) September 7, 2023
Србија водеше со 20-13 во текот на мечот, но Литванците успеаја да израмнат на 20-20 и дури имаа шут за победа. Откако не го искористија, дојде кошот на Стојачиќ за потврда на доминацијата на Србите во 3х3.