Србија се спаси од Летонија, ама не и од Белгија

0Shares
0 0

Српската репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Светското првенство откако загуби на гостувањето во Белгија со 69-73.

За разлика од пред три дена кога во драматичен финиш и со пресврт ја победи Летонија, Србија сега загуби на сличен начин и ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА го завршува со биланс 1/1. Кошаркарите на Светислав Пешиќ водеа во најголемиот дел од мечот, во втората четвртина имаа и +14 (36-22), но доживеаја тотален колапс во последниот квартал во кој постигнаа само шест поени.

Белгија влезе во последната четвртина со негатива од девет разлика (54-63) и почна со серија од 12-2 за водство од 66-65 кон средината на периодот. По неколку промени на водствата, Србија тргна во напад при предност на домаќинот од 72-69. Трагичар беше Алекса Аврамовиќ кој лошо додаде кон Теодосиќ и топката заврши во аут. Ван Росом подоцна само стави точка на натпреварот.

Аврамовиќ претходно беше најдобар играч во српската репрезентација со постигнати 19 поени. Исмаел Бако со 14 поени и 11 скока беше убедливо најдобар играч на Белгијците.

0Shares
0 0