Иако франшизата од Канада уште не потврдила, српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ ќе биде нов тренер на Торонто Репторс, како замена за Ник Нурс кој неодамна доби отказ на својата функција.
Веста вечерва ја објави добро информираниот американски новинар Ејдријан Воџнаровски, а дека има вистина во тоа, најдобро зборува честитката што Рајаковиќ ја доби од Серџо Скариоло кој, исто така, беше еден од кандидатите за позицијата. Српскиот стручњак има 44 години, во тренерските води е од 1996 кога почнал во младите категории на Борац, потоа и на Црвена Звезда, а од 2009 година се преселил во САД. Пет години подоцна влегол во НБА и досега бил само асистент, во Оклахома, Феникс и последните сезони во Мемфис Гризлис.
ESPN Sources: The Toronto Raptors are finalizing a deal to hire Memphis Grizzlies assistant Darko Rajakovic as the franchise’s next coach. pic.twitter.com/AEPu64p2F2
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) June 10, 2023
Ангажманот во Торонто Репторс ќе биде прв за него како главен тренер со што ќе стане вториот Србин кој водел НБА екипа по Игор Кокошков.