Србин што играше во НБА ја засилува Звезда

0Shares
0 0

Српскиот репрезентативец Немања Недовиќ многу брзо ќе го официјализира трансферот од Панатинаикос во Црвена Звезда, тврди денеска Моцарт спорт.

Тој и ја почна својата професионална кариера во овој клуб чиј член беше од 2008 до 2012 година по што замина во странство. Играше во Лиетувос Ритас, потоа и во Голден Стејт Вориорс за да се врати во Европа како играч на Валенсија. Во Шпанија беше член на Уникаха, па се пресели во Милано и од 2020 година го носеше дресот на ПАО.

Со доаѓањето на Недовиќ треба да почне реконструкцијата на Црвена Звезда која летово остана без тренерот Радоњиќ, како и носителите на играта Холинс, Давидовац и најверојатно Калиниќ кој е пред потпис со Барселона.

0Shares
0 0