И две години по инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Мајами и Денвер, не стивнува тензијата кај инволвираните.
Во ноември 2021 година, во физички дуел влегоа Никола Јокиќ и Маркиф Морис во кој поделебиот крај го извлече кошаркарот на Мајами. Многумина мислеа дека сето тоа е заборавено, но во еден поткаст, Морис отворено му се закани на српскиот интернационалец.
„Тоа беше кукавички, низок удар. Ме фати неподготвен и баш ми направи голема штета. Во тој период бев ‘исклучен’, Мајами сакаше да ме сочува од самиот себе и иако по две недели бев подготвен да играм, паузирав подолго време. Но, ќе си го добие тој своето, не размислувај за тоа“, му рече Морис на домаќинот Мет Барнс.
Во тој период, во приказната се вклучија и браќата на двајцата кошаркари. Братот на Маркиф, Маркус Морис исто така е кошаркар и тој му се закануваше на Јокиќ чии браќа постојано следеа Никола на натпреварите и во Денвер и на гостински терен. На кој начин Маркиф ќе се одмазди, се разбира, не кажа.