Непосредно по освојувањето на сребрениот медал на македонската младинска репрезентација на Европското првенство во Скопје, Гостивар го потврди продолжувањето на соработката со својот крилен играч Тома Стојаноски.
Младинскиот репрезентативец останува најмалку уште една сезона, сега со далеку поголемо искуство од настапите на меѓународна сцена и она што го доживеа на шампионатот. Поради сето тоа, се очекува да има и позначајна улога во тимот на новиот тренер Никола Димитриевски, со тоа и да созрее на играчки план.
Договорите со Гостивар веќе ги продолжија и Максим Митевски и Војче Лефкоски, а екипата се засили со двајца странски и еден домашен играч.