Страшен финиш и важна победа на ТФТ!

0Shares
0 0

Кошаркарите на ТФТ завршија голем дел од работата во битката за пласман во нокаут фазата од БИБЛ лигата откако вечерва на домашен терен го совладаа Ибар со 87-83.

Македонскиот тим беше во водство во речиси целиот тек од мечот, но малку недостасуваше сето тоа да падне во вода. Иако предноста беше комотна, со серија од 8-2 Ибар дојде до водство од 83-79 на точно една минута пред крајот на мечот.

Проблемите се зголемија кога Хортон погоди само едно од двете слободни фрлања, но Маслинко нешто подоцна ја поправи неговата грешка, украде една топка и му овозможи да намали на 82-83. Џермејн Бишоп подоцна погоди тројка за водство од два разлика, а Маслинко во последниот напад на Ибар повторно се истакна во одбраната со блокада над Кнежевиќ. Во обид да спречат пораз, гостите си направија контруслуга бидејќи го фаулираа Костоски кој погоди две слободни фрлања и ТФТ победи со четири разлика, па сега има подобар биланс во меѓусебните дуели.

Ландриус Хортон одигра неверојатен натпревар, постигна 35 поени со осум тројки од десет шута и оствари индекс 42. Покрај него, само уште Бишоп беше двоцифрен со 13 поени.

За пласман во следната фаза, на ТФТ му треба уште една победа во последните два меча во кои игра со Нахарија и Берое. Може и без победа да се пласира понатаму ако Берое загуби од Академик во следното коло или триумфира со помалку од десет разлика во меѓусебниот меч.

0Shares
0 0