Свети алармот во Ефес, Атаман удри по Мициќ

0Shares
0 0

И по четири одиграни кола, актуелниот европски шампион нема победа во Евролигата, а не му оди најдобро ни во домашното првенство каде се мачи за секоја победа.

Тоа предизвикува нервоза во редовите на Анадолу Ефес, пред се кај тренерот Ергин Атаман. Турскиот стручњак остро ги искритикува своите кошаркари, а најжесток беше кон најкорисниот играч во Евролигата минатата сезона Василије Мициќ. Србинот постигна 17 поени во дуелот со Милано (пораз од 71-75), но оствари индекс 9 поради лошиот шут од далечина.

„Мициќ, Ларкин и Бобуа шутнаа 14 тројки, а погодија само две. Ги критикував во соблекувалната, особено Мициќ кој шутираше од 8-9 метри со степбек што е тотално несериозно, неприфатливо и оддава впечаток на несериозна кошарка. Му кажав дека прави голема штета на екипата.

Го критикував и Синглтон кој за 27 минути немаше ниеден скок. Тие проблеми мораме да ги решиме“, изјави Атаман.

Се разбира дека за Ефес ништо не е загубено бидејќи осмопласираниот Фенербахче има само две победи, но екипата мора што побрзо да се врати во форма, ако сака да фати чекор со конкурентите. Во следното коло, европскиот шампион го пречекува Уникс што е шанса за прв триумф сезонава.

0Shares
0 0