Така се лечи тагата: Ден по елиминацијата, Јокиќ потрошил 143 илјади евра – на коњи

0Shares
0 0

Во неделата, српската репрезентација доживеа шокантна елиминација од Европското првенство, а со тоа Никола Јокиќ ја загуби можноста да се бори за првото злато во својата кариера.

Шокот е голем, тагата уште поголема, но кошаркарот на Денвер Нагетс најде начин како да го заборави дебаклот. Во текот на вчерашниот ден Јокиќ потрошил 143 илјади евра на три коња кои биле дадени на аукција.

За „Фато ди поџо“ платил 42.000, за „Фолио Винда“ 47.000, а за „Фарид Мил“ уште 54 илјади евра. Познато е дека коњите се голема страст за МВП на НБА лигата, има и своја ергела во Сомбор која можеби ќе треба и да ја прошири по купувањето на трите нови члена.

0Shares
0 0