Тане Спасев повторно во полското првенство

0Shares
0 0

Малку експонираниот во земјава, но исклучително квалитетниот македонски стручњак Тане Спасев по 20-месечна пауза се враќа во шампионатот на Полска.

Тој е назначен за нов тренер на тамошниот прволигаш Лублин, на местото на Словенецот, Давид Дедек кој доби отказ по лошиот старт на сезоната. Во првите седум кола од првенството, Лублин оствари само една победа и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.

Спасев се поврзуваше со уште еден полски прволигаш – Шчечин, но управата на овој клуб го избра Аркадиуш Милошевски. За македонскиот стручњак, Лублин ќе биде трет полски клуб во кариерата по Арка и Легија.

0Shares
0 0