Центарот на македонската репрезентација Теодор Симиќ доби огромно признание откако беше избран во најдобрата петорка на Европското првенство што се одржа во Скопје.

Да победеше Македонија вечерва, речиси сигурно тој ќе беше прогласен за МВП на шампионатот, но и покрај тоа заслужува честитки за прикажаното на првенството. Финалниот меч, тој го заврши со 23 поени, 7 скока и 4 асистенции, а просекот на првенството му е 16 поени, 9,1 скок и 2,9 асистенции.

Покрај него, во идеалната петорка на шампионатот се најдоа уште Чесите, Ондреј Свец и Ондреј Хустак, потоа Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина. За МВП на првенството е прогласен Свец.