Теодор Симиќ најмлад во тимот на Барселона за јуниорската Евролига

0Shares
0 0

Втора сезона по ред, еден од најголемите македонски таленти ќе настапува во младинската конкуренција од Евролигата.

Теодор Симиќ е пријавен и во првиот тим на Барселона, но вистинската афирмација треба да ја очекува во категоријата М-18 каде шпанскиот тим ќе се обиде да освои уште една титула, по онаа во 2016 година. Со 16 години, нашиот кошаркар е најмлад во својот тим каде преовладуваат играчи родени во 2002 и 2003 година.

Симиќ и лани, со едвај 15 години, играше во јуниорската Евролига, настапи на вкупно три натпревари на кои постигна вкупно девет поени и четири скока.

Јуниорската Евролига ќе се игра на три квалификациски и еден завршен турнир. Симиќ со Барселона ќе настапи на првиот, од 27 до 29 декември во Валенсија, заедно со домаќинот, Гран Канарија, Уникаха, АСВЕЛ, Нант, Улм и Венеција.

Останатите два турнира ќе се одржат од 22 до 24 јануари 2021 година во Минхен и од 21 до 23 февруари во Белград. Пласман на завршниот турнир во Келн (27 до 30 мај 2021), ќе обезбедат трите првопласирани екипи од секој квалификациски сегмент, плус пет кои ќе добијат специјални покани од Евролига.

0Shares
0 0