Теодосиќ имал среќа

0Shares
0 0

Плејмејкерот на Виртус, Милош Теодосиќ избегнал посериозна повреда на вчерашниот натпревар на неговиот тим против Реџо Емилија.

Според информациите од Италија, тој доживеал само хиперекстензија на коленото и ќе паузира до крајот на месецов што е позитивна вест и за неговиот тим и за српската репрезентација која во февруари ја очекуваат настапи во квалификациите за Светското првенство.

Теодосиќ се повреди при еден напад во финишот од натпреварот против Реџо Емилија кога се лизна од една реклама на паркетот и на рацете на соиграчите беше изнесен надвор од теренот.

0Shares
0 0