Теодосиќ ќе ја предводи Србија во квалификациите

0Shares
0 0

Откако го пропушти целиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство поради проблеми со осигурувањето, Милош Теодосиќ ќе му биде на располагање на Светислав Пешиќ на стартот од квалификациите за претстојниот Мундијал.

Веста вечерва ја објави токму Пешиќ кој со нетрпение го очекува еден од најдобрите плејмејкери во Европа.

„Теодосиќ е на пат и доаѓа на собирот. Имаше здравствени проблеми во семејството, но тоа е решено“, рече искусниот стручњак.

Теодосиќ ќе биде убедливо најискусен во српската репрезентација во овој „прозорец“ на ФИБА и ќе игра со кошаркари кои веројатно уште не ги сретнал во животот. На списокот на Пешиќ има дури шестмина дебитанти и вкупно 17 кошаркари кои ќе конкурираат за дуелите против Летонија и Белгија.

0Shares
0 0